Бајден во споредба со претходниците

Меган Дузор и Мариса Мелтон | Глас на Америка

Дали е точно или не, но претседателот на САД понекогаш го нарекуваат и „лидер на слободниот свет“ и тој навистина е еден од најмоќните светски лидери. Во последните 232 години, повеќето претседатели биле мажи протестанти.

31 имал воена кариера

Овој тренд не се одржал во последно време

Најголем дел од американските претседатели дошле на функцијата како ветерани, без оглед на тоа дали служеле во паравоени сили или во националната гарда. Неколкумина биле истакнати воени генерали, меѓу нив и Џорџ Вашингтон, командант на Континенталната армија за време на Американската револуција, Јулисиз С. Грант кој командувал со силите на Унијата за време на Граѓанската војна и Двајт Д. Ајзенхауер кој ја предводел војската на САД за време на Втората светска војна. По граѓанската војна, низа ветерани кои се бореле на страната на Унијата, станале претседатели. По Првата и Втората светска војна следел нов бран претседатели ветерани. Меѓутоа, овој тренд завршил во последните неколку децении, така што повеќето претседатели од крајот од минатиот век навака никогаш не служеле во вооружените сили, меѓу нив Бил Клинтон, Барак Обама, Доналд Трамп и Џо Бајден.

26 претседатели биле членови на Конгресот

Бајден бил член на Сенатот 36 години

Претставник во Конгресот е многу популарна професија за оние кои имаат амбиции да станат претседател, уште од времето на Џејмс Медисон па се до денес. Нешто повеќе од половина од сите претседатели биле дел од Конгресот, дали во Претставничкиот дом, во Сенатот или во двата дома. 17 сенатори станале претседатели, меѓу нив и Џо Бајден, но само тројца сенатори директно се имаат преселено од Сенатот во Белата куќа: Ворен Хардинг, Џон Кенеди и Барак Обама. Само еден конгресмен, Џејмс Гарфилд стигнал директно од Претставничкиот дом до Овалната канцеларија.

Бајден ќе биде најстариот претседател кога ќе биде инаугуриран

Број на претседатели според возраста на денот на инаугурација

Граѓанинот има законско право да се кандидира за претседател кога ќе наполни 35 години, но најмладите претседатели кои покрај со политичките достигнувања се прославиле и со младоста и харизмата обично ја преземале претседателската функција во раните 40-те години. Најмладиот од нив, Теодор Рузвелт, станал претседател на 42 години и бил познат по тоа што сакал да го минува времето во природа. Џон Кенеди кој влегол во Белата Куќа на 43 години се смета за престолонаследник на гламурозно семејство на политичари. Постарите претседатели како Двајт Ајзенхауер и Роналд Реган имале, според некои, улога на мудри лидери. Доналд Трамп во 2017-та, на свои 70 години стана. најстариот претседател во моментот на преземање на функцијата. Таа титула сега ќе ја преземе Џо Бајден кој влегува во Белата Куќа со 78 години. Да се биде водач на слободниот свет може да придонесе за побрзо стареење, неколку претседатели кои имале темна коса на почетокот, ги завршиле. Своите мандати целосно побелени.

Бајден ќе биде вториот претседател од католичка вероисповед

Сите американски претседатели се декларирале како христијани

96%

Протестант

4%

Католик

Уставот на САД забранува религијата да биде услов за јавна функција, но сите американски претседатели до сега се изјаснувале како христијани, а сите освен двајца биле протестанти. Џо Бајден ќе биде втор претседател католик по Џон Кенеди. Ниту еден претседател не бил евреин или муслиман, а ниту еден од нив јавно се нема декларирано ниту како атеист иако некои веруваат дека Томас Џеферсон, Абрахам Линколн и Вилијам Хауард Тафт биле агностици или атеисти. Поранешниот претседателски кандидат Берни Сандерс, кој загуби од Џо Бајден во трката за номинација од Демократската партија, можеше да биде првиот претседател од еврејско потекло доколку победеше.

15 претседатели претходно служеле како потпретседател

Претседателот Барак Обама придружуван од потпретседателот Џо Бајден зборува за изборите, Среда 9-ти ноември 2016-та, во градината на розите во Белата куќа во Вашингтон (Фото: AP)

Од 15-те потпретседатели кои станале претседатели, 8 ја презеле функцијата поради смрт на претседателот додека еден, Џералд Форд, станал врховен командант по оставката на претседателот Ричард Никсон. Службата на функцијата потпретседател главно се смета за предност во обидот да се победи на претседателските избори, но неколку неодамнешни потпретседатели не успеале да стигнат до Белата куќа, меѓу нив Ал Гор кој беше потпретседател на Бил Клинтон и Волтер Мондејл кој служел во администрацијата на Џими Картер. Џо Бајден кој беше потпретседател под Барак Обама е втор потпретседател во историјата кој станал претседател откако почекал да мине некој мандат. Пред него, тоа му успеа на Ричард Никсон кој бил потпретседател под Двајт Ајзенхауер. Од 1953 до 1961, но не станал претседател се до 1968.

Високите луѓе полесно се забележуваат, но и ниските можат да бидат водачи

Преовладува мислењето дека шансите се поголеми за високите луѓе да станат лидери и да се збогатат. Навистина, тројца кои се сметаат за можеби најважните американски претседатели – Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Абрахам Линколн – се меѓу највисоките претседатели, а на врвот на овој список е Линколн со 193 сантиметри. Меѓутоа, вториот американски претседател Џон Адамс бил висок 170 сантиметри, се наоѓа кон дното на списокот а сепак се слави како еден од основачите на нацијата. Голем дел од поновите претседатели се меѓу повисоките вклучувајќи ги Доналд Трамп, Бил Клинтон и Џорџ Буш Постариот.

33 претседатели имале факултетска диплома

Само една четвртина немале

Повеќето американски претседатели, дури и оние во првите денови на САД, биле пообразувани од обичните граѓани. Сите претседатели со исклучок на 12 имале универзитетска диплома, ова ги вклучува сите претседатели од 1953 до денес. И додека оние без диплома се малцинство, меѓу нив има и двајца од можеби најславените американски лидери – Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн. Вашингтон на Колеџот Вилијам и Мери во Вилијамсбург положил за геодетска дозвола, но не завршил четиригодишни студии. Линколн никогаш не студирал на универзитет.

Само еден претседател во историјата има докторска дисертација, Вудро Вилсон, кој пред да влезе во Белата куќа бил ректор на Универзитетот Принстон. Неколку претседатели и мале дипломи по право, меѓу нив и некои од последните – Џо Бајден, Барак Обама и Бил Клинтон. Голем дел од првите претседатели исто така учеле право и се бавеле со адвокатура, но за тоа во тоа време било доволно да имате пракса и искуство, а дипломата не била задолжителна.

27 претседатели биле адвокати

60% од сите претседатели учеле или практикувале право

Според Адвокатската комора на САД 27 претседатели биле правници, а меѓу нив е и новоизбраниот Џо Бајден. Здружението наведува дека дури осум претседатели стапувале случај пред Врховниот суд, пред или по завршувањето на нивниот мандат: Џон Квинси Адамс, Џејмс Полк, Абрахам Линколн, Џејмс Гарфилд, Гровер Кливленд, Вилијам Тафт, Бенџамин Харисон и Ричард Никсон. Тафт е единствениот претседател кој бил и судија во Врховниот суд, функција на која дошол по завршувањето на неговиот мандат во Белата куќа. Адамс исто така бил номиниран и потврден за судија во Врховниот суд, но ја одбил функцијата изјавувајќи „Премногу сум пристрасен за да бидам судија.“

9 претседатели имале мустаци или брада додека биле на функцијата

Мустаците и брадите биле тренд кон крајот на 19-от век

Од 1861-та до 1909-та повеќето претседатели имале мустаци или брада кои биле популарни во САД додека се случувале големи промени: Индустриската револуција, Граѓанската војна, крајот на ропството и женската еманципација. Како одговор на тоа машката мода почнала да ја нагласува „машкоста.“ Мустаците и брадата станале уште еден начин да се покаже сила и моќ. Абрахам Линколн, првиот претседател со брада, наводно ја пуштил да порасне во текот на претседателската кампања во 1860-та кога тоа му го предложило 11 годишно девојче кое му рекло дека борите на неговото лице може да ги одвратат гласачите кои инаку би гласале за него. Мустаците и брадата престанале да бидат во мода на почетокот на 20-от век со појава на нова класа на образувани професионалци во рамки на која мажите би требало да бидат избричени, нешто што стана и норма во политичкиот свет која се задржа се до денес.

Од каде потекнуваат претседателите

Која сојузна држава дала најмногу претседатели?

На почетокот на историјата на земјата, најголем дел од претседателите имале потекло од Вирџинија. Четири од првите пет претседатели биле од оваа сојузна држава. Сепак, во вкупната бројка Њујорк е сојузната држава со најмногу претседатели, седум, вклучувајќи го и актуелниот Доналд Трамп. Следи Охајо со шест претседатели. Не сите сојузни држави дале претседател, само 19 се дом на некој од врховните команданти на САД. Со победата на Џо Бајден Делавер за прв пат ќе биде застапен на оваа листа.

Иако има повеќе начини за утврдување на сојузната држава од која доаѓа претседателот, вклучувајќи го местото на раѓање или местото каде најдолго живеел, во оваа графика таа е дефинирана како држава со која претседателот е најповрзан. На пример, како сојузна држава на Џо Бајден овде е утврден Делавер бидејќи оттука тој беше претставник во Сенатот 36 години, а не е одбрана Пенсилванија каде е тој роден.

Сојузни држави Претседатели
Њујорк 7
Охајо 6
Вирџинија 5
Масачусетс 4
Калифорнија 3
Тексад 3
Тенеси 3
Илиноис 3